Пациент: маж на 67 год., од гр. Софија
Дијагноза: рана до коска од засекување со флекс на 28 јуни 2019 г. Извршени се две хируршки операции и шиење на раната. Поставена е гипсена преврска. Третманот со Ригенома започнал по отстранување на преврската.
Третман:
– Од 4 до 10 септември 2019 г. прскање со Ригенома спреј 2 пати дневно по должината на цикатриксот и во отворената рана. Врз раната се става тенка газа, напрскана со Ригенома спреј. Раната се промивала со минерална вода поради недостиг на друго.
– Од 11 до 18 септември 2019 г. кон опишаниот третман се додава мачкање со Ригенома крем по рабовите на раната и нацрвенетите делови од кожата.
– Од 18 септември до 3 октомври 2019 г. се вклучува и промивање на раната со Идрозоил. Идрозоил се сипува на претходно малку навлажнета со физиолошки раствор или минерална вода стерилна газа, по што раната се чисти со лесни вртеќки движења. Потоа местото на апликација се промива со физиолошки раствор или чиста минерална вода. Местото на апликација се суши со сува газа. Потоа се пристапува кон прскање со Ригенома спреј во внатрешноста на раната, мачкање со Ригенома крем по рабовите и кожата околу раната и преврзување со газа напрскана со Ригенома спреј. Пациентот почувствувал значително подобрување по вклучување на Идрозоил.