OZOILE® е уникална иновативна патентирана формула, создадена од научно-истражувачката компанија ERBAGIL, врз основа на озонирање со високо заситување со озоно-кислородна смеса на висококвалитетно Extra Virgin маслиново масло +OIL®.

OZOILE®, вграден во производите на ERBAGIL за локална употреба, ги доставува клинички докажаните лековити ефекти на озонотерапијата:

Регенерација

OZOILE® го стимулира заздравувањето и затворањето на оштетените ткива, помагајќи за побрза обнова на клетките и за целосно закрепнување на повредите.

Имуномодулаторен ефект

OZOILE® го поттикнува активирањето на локалниот имунитет, ја зголемува активноста на имунокомпетентните клетки и на тој начин ги активира внатрешните одбранбени механизми на телото против инфекции и заболувања.

Противвоспалително и антиалергиско дејство

Типичните противвоспалителни или антиалергиски лекови содржат активни состојки кои селективно делуваат или на воспалителните, или на алергиските симптоми.

За разлика од нив, OZOILE® истовремено го потиснува ослободувањето и на медијаторите одговорни за воспалението – простагландините, и на медијаторите кои предизвикуваат алергиски реакции во организмот, како што се хистаминот и серотонинот.

Затоа производите што содржат OZOILE® се особено ефикасни и во намалување на болката и отокот, кои се причина за нарушено функционирање на зглобовите, мускулите и тетивите, и во третманот на симптомите карактеристични за алергиска кожа и слузници – црвенило, оток и чешање.

Антимикробно дејство

Кога формулата OZOILE® ќе се најде во инфицирана средина, таа се распаѓа на биопероксиди и молекуларен кислород. Додека кислородот ја стимулира регенерацијата и имунолошката заштита на клеточно ниво, биопероксидите имаат способност да ги уништуваат инфективните предизвикувачи, како бактерии и габички на кожата и слузниците. Исто така, OZOILE® ефикасно спречува размножување на вирусните предизвикувачи, како на пример херпес вирусот.

Недостигот на несакани ефекти при употреба на озонирано маслиново масло е документиран во бројни клинички истражувања.

Затоа не е изненадувачки што производите кои содржат OZOILE® немаат контраиндикации или возрасни ограничувања при употреба. Тие можат да се користат од најрана детска возраст, како и од бремени и доилки. Може да се комбинираат со други лекови и успешно да ги надополнуваат поагресивните терапевтски пристапи, без дополнително да го оптоваруваат организмот.

Придобивките од озонираните масла се докажани во бројни клинички истражувања, но со формулата OZOILE® е постигнат и друг научен пробив.

Поради внатрешната нестабилност на озонот, вообичаено озонираните масла имаат краток рок на траење и мора да се чуваат на температури под нулата. Ова е причината зошто не можат да постигнат широка застапеност во трговската мрежа и со тоа остануваат тешко достапни за корисниците.

Тоа е така бидејќи при стандардниот процес на создавање на озонирани масла се добиваат нестабилни озониди.

Со патентираниот процес, што се користи за создавање на OZOILE®, преку прецизно контролирана температура и притисок се добиваат стабилни озониди кои се комбинирани со витамин Е ацетат. Токму затоа производите со OZOILE® имаат долг рок на траење – 4 години пред отворање и 6 месеци по отворањето на внатрешното пакување. Тие можат да се чуваат на собна температура, што овозможува нивна слободна продажба во аптеките, како и практична и лесна употреба од страна на корисниците.

Мотото на ERBAGIL нè потсетува: „Природата ја поврзува науката со мудроста“.

Затоа компанијата вложува посебни напори дури и во техниките за одгледување и екстракција на маслиновото масло. Органското маслиново масло +OIL® (заштитена трговска марка на ERBAGIL, со претходно име Primo Fiore®) е со докажано повисока биолошка активност во споредба со стандардните масла од маслинка.

Во производите Тендивал, Ригенома, Идрозоил, Проктен, Банивал и Вулвоваги, производителот ја комбинирал формулата OZOILE® со соодветни билни состојки со терапевтски ефекти докажани од науката и практиката. Тие дополнително го засилуваат лековитото дејство кај соодветните заболувања.

Клинички истражувања за формулата OZOILE® и озонираното маслиново масло можете да прегледате овде.

Кратко видео за формулата OZOILE®, како дел од презентација пред медицински специјалисти одржана во Софија на 6 јуни 2018 г., можете да погледнете овде.